Jeep Сервис

Никој не го познава подобро од нас вашето Jeep електрично возило

ОДРЖУВАЈТЕ ГО ВАШЕТО НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО СЕКОГАШ ВО НАЈДОБРА ФОРМА


Без спојка, издувен систем или промена на маслото, електричните возила бараат помалку одржување и поретки контроли од традиционалните возила на бензин/дизел. Сепак, имаат потреба од безбедносни проверки, а нивните целосно електрични батерии и системи за управување со енергијата бараат од редовна проверка.

Важно е да закажете редовно одржување кај вашиот локален овластен сервисер за да:
- ја одржувајте безбедноста и перформансите на вашиот автомобил
- ја максимизирате неговата ефикасност
- го следите го и оптимизирате функционирањето на погонската батерија
- ја заштитите после-продажната вредност на вашето возило

ОБУЧЕНА МРЕЖА НА ОВЛАСТЕНИ СЕРВИСИ


За одржување на вашето електрично возило, имајте доверба во мрежата на овластени сервиси и нејзиното техничко знаење:

- Квалификуван персонал, овластен за работа на високонапонскиот систем на вашиот електричен автомобил
- Целосно опремени сервиси со специфичен алат за вашето возило
- Квалификуван персонал, овластен за одржување на вашето возило и овластен за поправка и/или замена на неговата HV батерија

ГАРАНЦИЈА НА HV БАТЕРИЈАТА


HV батеријата е срцето на вашето електрично возило. HV батеријата кај Jeep Plug-in хибридните и електрични возила има гаранција за период од 8 години или 160.000 км, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.