ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ И ДОДАТОЦИ
Едноставно: само оние кои го направиле вашето возило можат да ги направат најдобрите делови.
Оригиналните Резервни делови се резултат на постојана посветеност во истражувањето и развојот на иновативни технологии.
Дополнително, тие подлежат на најстроги проверки од моментот на нивното дизајнирање до нивното влегување во производство, за да се обезбеди сигурност, удобност, перформанси и безбедност.
Затоа што е важно да го доверите вашето возило на оние кои навистина добро го познаваат, до последниот детаљ.
Оригиналните додатоци совршено се вклопуваат со сите механички и електронски делови на вашето возило.
Тие редовно се предмет на строги проверки, за да ви пружат врвна удобност, перформанси, безбедност и прилагодување со текот на времето.
Марката нуди широк спектар на оригинални додатоци https://www.jeep.com/mk/originalni-rezervni-delovi.html специјално дизајнирани да го направат вашето возило уште повеќе персонализирано за вашите посебни потреби. Нашите оригинални додатоци се направени од истите инженери кои го дизајнираа и произведоа вашето возило, така што секогаш знаете дека ги добивате највисоките стандарди за квалитет, безбедност и издржливост. Изборот на оригинални додатоци од марката значи Квалитет и безбедност - дизајнирани според најстрогите технички спецификации и тестирани под најтешки услови, Стил -совршено интегрирани во вашето возило и лесно употреба.
Направете го вашиот автомобил личен со оригинални додатоци .
ОДРЖУВАЊЕ
Овде ќе најдете одговори на најчесто поставуваните прашања поврзани со одржувањето на вашето возило
Овластниот сервис од марката ја обезбедува сета стручности што ви треба. Нашите стручни лица се целосно обучени да знаат сè за вашиот автомобил. Без оглед на работата што треба да се направи на вашето возило, од годишната проверка на возилото до каросеријата, тие секогаш со задоволство помагаат за сите нешта поврзани со високотехнолошките системи на вашето возило. Во секој случај, ќе имате корист од целосна електронска дијагностика и поправка во случај на потенцијална сервисна кампања со повикување.
Ние го произведовме, ние го одржуваме.
Сите детали за ограничувањата на фреквенцијата и километражата во кои треба да се изврши сервисирањето се дадени во Упатството за употреба и одржување на вашиот автомобил.
Пневматиците M+S, чија кратенка означува Mud and snow (кал и снег), ги носат овие две букви на страничниот ѕид на гумата. Законски, тие се еквивалентни на зимските. Овој тип на пневматици е познат и како „all-weather“ и “all-season”, односно за секакви временски услови и за сите годишни времиња.
Зимските пневматици, познати и како пневматици за снег, покрај буквите M+S, имаат и симбол обликуван од страна: планина со три врвови со снегулка. Овие пневматици нудат значително повисоки перформанси и при кочење на патишта покриени со снег.
Сервисната кампања со повикување е акција на Производителот на автомобили за да ги поправи сите проблеми на неговите производи поврзани со безбедно работење на возилото или да ги исправи несообразностите. Марката ќе го поправи проблемот без наплата, дури и ако возилото е надвор од гаранција, а вие не сте оригиналниот сопственик.
Веднаш штом ќе добиете известување, контактирајте со овластен сервисен центар за да ја закажете интервенцијата препорачана за вашиот автомобил.
Можете да ги најдете сите контакт податоци за нашите овластени сервисни центри на линкот.
Кога ќе се јавите за да закажете термин, ве потсетуваме да го имате при рака бројот на шасијата на вашето возило, кој ќе го најдете во документот за регистрација на возилото.
УСЛУГИ
Какви и да се околностите, услугата Помош на пат нуди комплетна асистенција која ќе одговори на вашите потреби.
Дупната гума? Празна батерија? Загубен клуч? Што и да се случи, не грижете се, со услугата Помош на пат секогаш ви стоиме на располагање. Дознајте повеќе на линкот.