СОВРШЕН ЗА ВАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

E-HYBRID


• E-HYBRID 1.5 Т4 ТУРБО СО АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ СО 7 БРЗИНИ

• ВКУПНА МОЌНОСТ ДО 130 КС

• МАКСИМАЛЕН ВРТЕЖЕН МОМЕНТ ОД 240 Nm

• 5,5 l - 5,7/100 km ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО

 

ВИСТИНСКО ХИБРИДНО ИСКУСТВО

Движете се во целосно електричен режим при ниски брзини, благодарение на новите EV способности.

 

ЗА ПОВЕЌЕ НАМЕНИ И ОПУШТЕНО

Благодарение на врвната технологија, нивото на софтверот и широката гама на напредни системи за помош при возење (ADAS).

 

ПОВЕЌЕ МОЌ ЗА ВАШИТЕ ПЕРФОРМАНСИ

e-Boosting го зголемува вртежниот момент на тркалата со поддршка на електричниот мотор при забрзување

ВНАТРЕШНОСТ

УДОБНОСТА ЈА ПРЕСРЕТНУВА ТЕХНОЛОГИЈАТА

Внатрешноста на новиот Renegade е дизајнирана на начин за да овозможи на сите во возилото простор и удобност, потребни за удобно патување. Нежните линии на новата контролна табла и воланот обложен со кожа и со грејач* формираат совршено опкружување каде што естетската страна се совпаѓа со врвната ергономија. Во новиот Renegade главна улога има технологијата. Сосем новото целосно приспособливо радио 10,1" Uconnect™ со вградена навигација ве поддржува во сите ваши авантури, додека целосно дигиталната TFT инструмент-табла од 10,25"е приспособлива и обезбедува современа визуелизација на различни содржини.

ЦЕЛОСНО ДИГИТАЛНА ИНСТРУМЕНТ-ТАБЛА СО ЕКРАН НА ДОПИР ОД 10.25”

Новиот Renegade располага со целосно дигиталната TFT инструмент-табла од 10,25" , која е приспособлива и обезбедува современа визуелизација на различни содржини.

10.1” FULL HD ЕКРАН СО ВГРАДЕНА НАВИГАЦИЈА

Новиот Renegade располага со целосно ново прилагодливо 10.1” Uconnect™ радио со вградена навигација за ваша поддршка при секоја авантура.

НОВ ВОЛАН СО ГРЕЈАЧ, ОБЛОЖЕН СО КОЖА

Мек допир на елеганција, измешан со функционалност. Новиот Renegade доаѓа со нов волан со грејач и обложен со кожа. Сега мразот и студот немаат никаква шанса да го расипат задоволството. *На располагање како дополнителна опрема.

НАДВОРЕШНОСТ

ТОЛКУ РАЗЛИЧЕН, ТОЛКУ КУЛ

Новиот Renegade доаѓа со уште попрепознатлив дизајн, благодарение на full-LED предните светла* кои придонесуваат да се истакне неговиот извајан изглед и, во исто време, нудат оптимално осветлување при секоја ваша авантура. Сега, теренскиот свет го карактеризира моделот: новите алуминиумски тркала од 16", 17" и 18" се совршен пример за ова. Тука се и отпорните шипки на покривот* кои ја комбинираат функционалноста и разновидноста за да понесат сè што ви треба во вашите авантури. *Достапно стандардно на верзијата Altitude.

FULL-LED ПРЕДНИ И ЗАДНИ СВЕТЛА

Новите full-LED предни и задни светла на Renegade се проследени со три дополнителни детали: предните LED светла за магла, долгите и кратките LED светла и LED DRL (Дневна светилка).

АЛУМИНИУМСКИ ТРКАЛА

Предизвиците постојат за да бидат надминати. Новиот Jeep® Renegade може да се пофали со нови алуминиумски тркала од 16“, 17“ и 18“ за да се соочи со секаков вид терен пред него.

ДИМЕНЗИИ

Новиот Jeep® Renegade ви нуди удобност и простор што ви е потребен за секое патување. Вклучувајќи ги и најекстремните авантури. Што се однесува до димензиите, новиот Jeep® Renegade е висок до 1,69 m, долг 4,24 m. Овој модел е широк 1,81 m. Димензиите може малку да се разликуваат во зависност од опремата.

ПАТОТ Е ПОНАТАМУ

ПЕРФОРМАНСИ ВО ДНК-та

Turbo T4 на новиот Renegade нуди уште поодговорно доживување при возењето, побрзо забрзување и послеани промени на брзините, додека Selec-Terrain® ви овозможува да изберете помеѓу различните динамични режими на возење. Конечно, благодарение на селекторот за хибриден режим, можете да изберете во секое време дали ќе се потпрете на електричниот мотор, бензинскиот или и двата.

КОНТРОЛАТА ЗНАЧИ КОМФОР

Новиот Jeep® Renegade ќе ги олесни вашите патувања и ќе го зголеми вашето уживање во возењето. Со своите комбинирани напредни системи за помош при возење (ADAS), ви помага да го одржувате растојанието од возилото пред вас, додека го одржувате возилото на средина на коловозната лента преку активно дејство на воланот.

МАКСИМАЛНА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Широката палета на додатоци Jeep® Authentic Accessories by Mopar® му дава на вашиот Renegade личен допир и додава се` што ви е потребно за вашата следна авантура.

МРЕЖА ЗА БАГАЖ


Мултифункционалната мрежа за багаж може да се инсталира во багажниот простор (под, потпирач за грб, странично), на тунелот од совозачката страна или под задното седиште. Во црна боја, со логото на Jeep®. Renegade e oпремен со специјален велкро систем за прицврстување. Употребата може да варира во зависност од моделот, ве молиме погледнете ги упатствата.

ПОСВЕТЕН ТИМ ЗА ПОДДРШКА


За прашања во врска со купениот Jeep автомобил или услугите од постпродажба, контактирајте со механичарските или лимаро-фарбарските сервиси. За информации за нови возила или комплетна поддршка кога одбирате онлајн или во продажен салон, контактирајте го нашиот стручен тим за продажба.

Jeep® Renegade гама е-hybrid: потрошувачка на гориво (l/100km): 5,5 - 5,7; емисија на CO2 (g/km): 125-128. Вредностите се дефинирани според WLTP комбинираниот циклус.

Вредностите се ажурирани од 7 февруари 2024 година и се наведени за компаративни цели. Вистинските вредности на потрошувачката на гориво и емисиjата на CO2 може да бидат различни и да се варираат во зависност од условите на возење и различни фактори.