Одржување на возила со мотор со внатрешно согорување и хибридни возила


Никој не го познава подобро од нас вашето Jeep возило

Одржувајте го вашето возило во одлична форма


Редовното одржување ви овозможува долгорочно да се грижите за вашето возило. Овластениот сервисер ја обезбедува комплетната стручност што ви е потребна. Нашите сервисери се целосно обучени да знаат сè за вашето возило. Во вашата сервисна и гарантна книшка ќе најдете многу корисни информации за програмата за периодично одржување на возилото. Нејзиното почитување е задолжително за да бидат исполнети условите од Договорната гаранција.

ПЕРИОДИЧНО СЕРВИСИРАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ


Правилното одржување на возилото е од исклучителна важност за да се обезбедат оптимални услови за функционирање на Вашето возило и истото да ги задржи перформансите во што подолг временски период.

Заради тоа, производителот препорачува програма за одржување на возилото, која се состои од точно дефинирани контроли кои треба да се вршат во определен временски период. Доколку возилото се користи поинтензивно, овие контроли треба да се вршат по одредениот број на изминати километри.

 

Контролите наведени во програмата за сервисирање, се дадени во упатството за користење и се поделени на:

одржувачко-сервисни операции кои се вршат на (30.000) 40.000, (60.000) 80.000, (90.000 ) 120.000, (120.000 ), 160.000 km (или на 24, 48 и 72 месеци) и

подмачкувачко-контролни операции кои се вршат на (15.000) 20.000, (45.000) 60.000, (75.000) 100.000, (105.000) 140.000, (135.000) 180.000 km (или на 12, 36 и 60 месеци).

 

Одржувачко-сервисните операции кои се специфични за секоја етапа од програмата за одржување во однос на изминатите километри, се наведени во упатството за користење на возилото. Овие податоци се од општа природа и можно е истите да не ја покриваат целосно потребната контрола на Вашето возило.

Истите не ја исклучуваат потребата периодично да се изврши проверка, да се дополни течност или да се заменат делови кои со нормална употреба се трошат, а истите се третираат како потрошни материјали, кои не спаѓаат во гаранциски поправки. Такви се, на пример: облоги на кочниците, пневматици, спојки (корпа, ламела и потисен лагер), свеќички за палење, разводници, сијалички, метлички на бришачи и сл., согласно спецификациите наведени во Упатството за користење на возилото.

 

Доколку за време на програмираното сервисирање се констатира потреба од поправка на Вашето возило, сервисерот е должен да побара Ваша дозвола за нејзино извршување. Километрите наведени на сервисните купони се однесуваат на оние кои ги покажува километаржата на возилото. Доколку овој инструмент е заменет поради некоја причина останатите купони треба да се пресметаат согласно новата состојба на километражата. Вредноста на материјалот, резервните делови и работната рака за извршената работа за програмираното сервисирање или за работи за кои, сервисерот дополнително ќе биде овластен од страна на сопственикот на возилото, ќе бидат во согласност со важечкиот ценовник на сервисната мрежа на Аутомобиле СК.

 

Програмата за одржување е направена така што овозможува максимална трајност на возилото. Заради тоа од интерес на сопственикот е при евентуална препродажба на возилото, Гарантната книшка со заверените сервисни купони од страна на сервисната мрежа на Аутомобиле СК да се достави до новиот сопственик, како доказ дека возилото е правилно одржувано. Почитувањето на Програмата за одржување не единствениот фактор кој ја одредува трајноста на возилото. Од голема важност е правилното користење и соодветната заштита на возилото.

ВАЖНО


 

Доколку се врши препродажба на возилото кое сѐ уште се наоѓа во гарантен рок, стариот сопственик е должен на новиот сопственик да му ја предаде целата потребна документација вклучувајќи го Упатството за употреба и гарантната книшка.

 

Ако автомобилот често се вози во неповолни услови како на пример: кратки релации, влечење приколка, возење на планина или по прашливи патишта или пак често се вози со голема брзина, тогаш на автомобилот му е потребна поголема грижа.

 

Тоа значи почесто менување на моторното масло во однос на пропишаното со Програмата за одржување и редовниот сервисен интервал. Доколку се забележат ситни проблеми како што е капење на течности, масло и слично, не треба да се чека до следниот редовен сервисен преглед, туку веднаш треба да се обратите во овластената сервисна мрежа.

 

Купоните за редовно одржување се пропишани од страна на производителот. Неискористувањето на истите повлекува анулирање на условите на гаранцијата.

 

     Вградувањето на аларм повлекува губење на гаранцијата!