Ви стоиме на располагање

Проверете ги сите услуги кои ви ги нудиме на располагање за да го направиме одржувањето на вашето возило најдобро можно и дозволете нѝ да се грижиме за вас на секој километар од патот.

Овластените сервисери ја обезбедуваат комплетната стручност која што ви треба. Нашите обучени сервисери користат Jeep сертифицирани делови. Тие знаат сè за вашиот автомобил, дури и за најновите технолошки системи на вашиот Jeep. Без оглед на работата што треба да се заврши, од годишна проверка на возилото до поправка на каросеријата, тие секогаш се подготвени да помогнат. Додека вашето возило е кај нас ќе имате можност да направите целосна електронска дијагностика и поправка во случај на сервисна кампања со повикување.

Закажете сервис


Закажете термин во овластен сервисен центар за Jeep

Услуги и производи

Гаранција за возилата  

Гарантниот рок на возилата од марката Jeep трае 2 години и се смета од датумот на предавање на возилото на купувачот. 

Периодично сервисирање и одржување 

Правилното одржување на возилото е од исклучителна важност за да се обезбедат оптимални услови за функционирање на Вашето возило и истото да ги задржи перформансите во што подолг временски период. 

Оригинални резервни делови 

Оригиналните резервни делови на Mopar® се осмислени и дизајнирани да ги сочуваат своите карактеристики со целосна доверба, комфор и перформанси на возилото кое само што излегло од роизводствените линии. 

Помош на пат

Потребна ви е помош на пат? 

Повикајте ја службата за помош на пат на +389 23 181 367.

Тука сме за вас 24/7/365.

Автентични додатоци

Персонализирајте го вашето возило со автентични додатоци за уште поголема моќност, динамика, перформанси и практичност. Ви нудиме широк асортиман на оригинални додатоци Jeep специјално развиени и дизајнирани за совршено се вклопат со возилото, како и внимателно избрани додатоци од наведени и водечки партнери на пазарот.