JEEP® ГО НАЈАВУВА ДЕБИТО НА GRAND CHEROKEE 4XE ВО ЕВРОПА

Toрино, 17 февруари 2022 – Четири месеци по светската презентација, која се одржа минатиот септември, новиот Jeep® Grand Cherokee 4xe станува главен актер во иницијативата за пред- резервации во Италија, Франција, Германија, Шпанија, Обединетото Кралство, Австрија, Белгија, Луксембург и Холандија. Оние кои пристапуваат на специјалните интернет-страници ќе бидат меѓу првите кои ќе го откријат новиот Jeep® Grand Cherokee 4xe Exclusive Launch Edition и ќе можат го покажат својот интерес за да бидат контактирани кога возилото ќе биде достапно во продажното место.

 

 

Технологијата 4xe plug-in hybrid

Пристигнувањето на Jeep® Grand Cherokee 4xe претставува важен момент во процесот на еволуција на марката и понатамошен чекор во стратегијата за електрификација на целата гама, и ја утврдува кратенката 4xe како автентично брендирање во рамките на марката Jeep: тоа е ознака којашто претставува едно ново 4×4 возило кое ги комбинира легендарните способности со поголема одржливост,  ефикасност за пример и уште поголема безбедност и забава при возењето. Примената на 4xe plug-in хибридната технологија на предводникот на марката, Jeep Grand Cherokee, му обезбедува водечки теренски способности благодарение на инстантната достапност на голем вртежен момент, исклучителни перформанси гарантирани со комбинација на двата мотори, турбо бензинец и електричен, и очигледно, можност за возење со нула емисии на CO2.

 

 

Технолошки најнапреден и најлуксузен Grand Cherokee досега, со легендарни перформанси 4×4

Петтата генерација на Jeep Grand Cherokee, најнаградуваниот SUV досега, се одликува со нова архитектура, 4xe plug-in хибриден погонски систем, нов надворешен дизајн и нов ентериер направен со квалитетна изработка и врвни технологии. Како што водечката SUV марка за теренски перформанси го продолжува своето патување кон иднина на „Слобода со нула емисии“, така новиот модел претставува технолошки најнапреден Jeep Grand Cherokee, со најдобри перформанси 4×4 досега.

Опремен со најсовремени системи, Jeep Grand Cherokee е дизајниран во секоја прилика да понуди незаменливи способности за движење на терен и безбедна динамика на возење. Quadra-Drive II 4×4 систем за возење, Quadra-Lift воздушно потпирање и Selec-Terrain систем за управување со погонот – кој овозможува да се избере меѓу петте режими на возење: Auto, Snow, Sand/Mud, Rock и Sport – ги гарантираат легендарните 4×4 способности на марката Jeep и на Grand Cherokee.

Ексклузивната верзија Exclusive Launch Edition, штом биде достапна на продажните места,  ќе може да се нарача само од оние интересенти кои се пријавиле на специјалните интернет-страници во периодот од 17 февруари до 30 март 2022 година. Наменската конфигурација Exclusive Launch Edition ќе биде достапна со комплетна опрема за стандардно да вклучува широк опсег спецификации со високотехнолошки додатоци и системи за помош во возењето и специфичен пакет за лансирање што може да варира на различните пазари.

 

 

Jeep® Grand Cherokee 4xe Exclusive Launch Edition: предводник што ги редефинира стандардите во сегментот

Стартната верзија на Jeep Grand Cherokee 4xe се одликува со богата стандардна опрема. Тркалата од лесна легура со сјајна обработка се со големина од 21″ – прв пат на Grand Cherokee – за подобрено пошироко газиште, а сјајниот црн кров со “дијамантски” ефект во контраст со каросеријата ја дефинира спуштената линија и ги нагласува задни спојлери на вертикалниот столб. На располагање се четири бои на каросерија: црна – Diamond Black, бела –  Bright White, црвена – Velvet Red, сива -Baltic Grey, сите со црн кров – украсени со хромирани детали во Platinum Chrome.

Квалитет на изработка и функционална убавина се основа и на ентериерот, каде што се издвојуваат елементите во ореово дрво и тапацирот во кожа Palermo на вратите и седиштата. Возачките и совозачките седишта се со електрично прилагодување во 16 позиции, опремени со лумбална поддршка и мемориска функција за  масажа интегрирана во потпирачот за грб. Задните седишта исто така се со грејачи и се вентилираат. На предната табла се сместени нови и потенки отвори за климатизација – која пак е четиризонска, за да се обезбеди комфор за секој од патниците – нова централна конзола, систем за безжично полнење и 10-инчни дигитални екрани (за дигиталната табла со инструменти и радио со екран на допир), како и уникатен интерактивен екран од 10,25“ за совозачот. Jeep® Grand Cherokee 4xe Exclusive Launch Edition нуди и аудио систем McIntosh од 950 вати и 19 звучници. Тој е еден од најдобрите во светот и ја користи истата технологија како и домашните системи на McIntosh, со магнети и калем во звучниците за уникатен звук, без ни најмало изобличување или пад на квалитетот на звукот. За да се создаде средина прилагодена по сопствен вкус, апсолутна новина е комплетниот пакет со приспособливи LED внатрешни светла со дневни/ноќни поставки и систем за амбиентално осветлување со можност за избор меѓу пет бои.

Новиот Grand Cherokee располага со најголем број технолошка опрема во неговата историја. Exclusive Launch Edition во стандардна опрема го нуди новиот систем за автономно возење на ниво 2 (L2) Highway Assist System – систем за помош на автопат, со кој и понатаму се држат рацете на воланот и очите на патот. Потоа со нов екран во боја Head-up Display (HUD) од 10 инчи на шофершајбната, ексклузивен  екран за совозачот за навигација, со прегледување на слики од задната камера и за забава, како и нов дигитален заден ретровизор.

Тука се и Full LED предните светла и помош при паркирање под прав агол и паралелно што ги прави маневрите при паркирање исклучително едноставни, како и камера за подобра ноќна видливост и детектори против судир кои јавуваат присуство на евентуални пешаци или велосипедисти.

 

Поврзување од повисоко ниво и со мобилниот телефон: најнапредениот пакет на услуги го има своето деби

Jeep® Grand Cherokee 4xe Exclusive Launch Edition е моделот со најголема поврзаност досега благодарение на Uconnect™ 5 – најнапредниот Uconnect систем досега, со четири 10-инчни дигитални екрани. Системот нуди интегриран и комплетен сет алатки за управување и го прави мобилното доживување исклучително интуитивно со пакетот Uconnect™ Services кој е достапен и преку системот Uconnect™ 5 и преку обновената апликација „Jeep®“. Напредното поврзување на Grand Cherokee 4xe е развиено за да ги задоволи различните барања на клиентите и да го поедностави искуството со 4xe во сите услови на возење, со пакет на услуги за контрола на многу од карактеристиките на возилото, од далечина и удобно. Благодарение на мобилната апликација „Jeep®“, корисниците можат брзо и лесно да управуваат со состојбата на возилото, да бараат станици за полнење, да добијат поддршка во случај на какви било тешкотии, итни случаи или обид за кражба. Понатаму, корисниците секогаш можат да се информираат за одржувањето на возилото преку месечни извештаи (преку е-пошта).

 

Пакетот UconnectTM Services вклучува поврзани услуги наменети за електрифицираното возење и напредното поврзување, вклучувајќи ги My Assistant, My Car, My Remote, My eCharge, My Navigation и опционалните пакети My Wifi и My Alert. Со Grand Cherokee, многу нови услуги го прават своето деби, вклучувајќи Jeep®Offroad Pages на мобилната апликација, уште понапредно управување од далечина, Eco Score за следење на стилот на возење и многу повеќе.