До
130 КС
ВО КОМБИНИРАН ЦИКЛУС
240 Nm
МАКСИМАЛЕН ВРТЕЖЕН МОМЕНТ
10"
ЗАБРЗУВАЊЕ 0-100 KM/H
193 KM/H
МАКСИМАЛНА БРЗИНА

НАДВОРЕШНОСТ

ЕЛЕГАНЦИЈАТА НА JEEP®

Новиот Jeep® Compass e-Hybrid се карактеризира со легендарниот дизајн на марката, со неколку стилски додатоци кои го прават уште поуникатен. Препознатливиот изглед на моделот е нагласен со новиот дизајн на full-LED фаровите, затемнетите стакла* и двобојниот црн покрив*. Исто така, целосно е рестилизирана линијата на алуминиумските тркала, од 17“ до 19“ и нуди нови уникатни бои за да се истакне на кој било пат.
*На располагање како дополнителна опрема.

ВНАТРЕШНОСТ

УДОБНОСТА - ГЛАВНА ОДЛИКА НА КАРАКТЕРОТ

Ентериерот на новиот Compass e-Hybrid совршено ја одразува филозофијата за стил и удобност што отсекогаш го карактеризирала моделот. Седиштата нудат максимална удобност благодарение на електричното прилагодување во осум насоки и лумбалното прилагодување во две насоки, совршено за подолги патувања. Во новиот Compass e-Hybrid, технологијата игра фундаментална улога. Интуитивниот и лесен за користење систем Uconnect™ располага со 10,1“ HD и екран на допир, додека пак новиот 10,25“ Ultra HD екран овозможува да се конфигурира, организира и приспособи прикажаната содржина.

10.25” ИНСТРУМЕНТ-ТАБЛА

Новиот 10,25“ Ultra HD екран на системот за информирање и забава Uconnect™ овозможува конфигурирање, организирање и приспособување на прикажаните содржини.

10.1” ЕКРАН НА ДОПИР ЗА РАДИОТО

За уживање при секое патување, тука е интуитивниот и лесен за користење систем Uconnect™, кој сега има 10,1“ HD екран на допир. Сето тоа со дополнителниот бенефит од Apple Car Play и Android Auto безжичното поврзување кои ќе ве придружуваат на сите ваши патувања.

ВЕНТИЛИРАНИ СЕДИШТА СО ГРЕЈАЧ

Благодарение на возачкото седиште со електрично прилагодување во осум насоки*, зад воланот на Jeep® Compass e-Hybrid ќе доживеете уште поголемо уживање во возењето.
*На располагање како дополнителна опрема.

ДИМЕНЗИИ

Новиот Jeep® Compass e-Hybrid нуди удобност и простор што се потребни при секое патување. Вклучувајќи ги и најекстремните авантури. Што се однесува на димензиите, новиот Jeep® Compass e-Hybrid е висок до 1,62 m, а должината му е 4,40 m. Овој хибриден автомобил е широк 1,87 m. Димензиите може малку да се разликуваат во зависност од опремата.

НОВАТА МОБИЛНОСТ СПОРЕД JEEP®

e-Hybrid мобилноста на Jeep® нуди ново доживување при возење. Во споредба со традиционалниот Mild Hybrid систем, технологијата Jeep® e-Hybrid обезбедува целосно хибридно доживување при возење, со вклучен електричен мотор*, кој гарантира вртежен момент дури и при мали брзини.
*Функцијата зависи од состојбата на полнење на батеријата.

ПОТВРДЕНА АВАНТУРА

Со новиот Compass e-Hybrid може да се соочите со секаков пат. Не само благодарение на неговите нови алуминиумски тркала и full-LED предни светла, туку и на неговите предни и задни сензори за паркирање. И не само тоа, тука се и новите шипки на покривот* кои уште повеќе го олеснуваат пренесувањето на сите потребни предмети за вашите авантури.

ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА

Новиот Jeep® Compass e-Hybrid ќе ги направи уште поедноставни вашите патувања и ќе го издигне вашето возачко доживување. Сега, системите за помош при возење ниво 2 може да се користат на сите патишта, што значително го подобрува доживувањето зад воланот.

КАКО ЕДЕН СО ВАШИОТ JEEP®

Потпрете се на најновата технологија. Новиот 10,1" Ultra HD екран на системот за информирање и забава Uconnect™ постојано ви нуди поинаков начин на уживање во патувањето.

МАКСИМАЛНА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Широката палета на додатоци Jeep® Authentic Accessories by Mopar® му дава на вашиот Compass личен допир и додава се` што ви е потребно за вашата следна авантура.

ОРГАНИЗЕР ЗА ПЛАТФОРМА


Организерот за багаж се состои од повеќенаменска платформа со две метални шини и телескопска шипка. Овој систем овозможува да се подели расположивиот простор и лесно да се блокираат поставените предмети.

ПОСВЕТЕН ТИМ ЗА ПОДДРШКА


За прашања во врска со купениот Jeep автомобил или услугите од постпродажба, контактирајте со механичарските или лимаро-фарбарските сервиси. За информации за нови возила или комплетна поддршка кога одбирате онлајн или во продажен салон, контактирајте го нашиот стручен тим за продажба.

Потрошувачка на гориво кај Jeep® Compass e-Hybrid (l/100 km): 6,0 – 5,6; Емисиja на CO2 (g/km): 137-129, според Директивата на ЕУ 1999/94. Вредностите за одобрување на типот утврдени според комбинираниот циклус WLTP, врз основа на кој се одобруваат нови возила од 1 септември 2018 година, ажурирани на 31.1.2023 година.

Посочените вредности се за споредбени цели.

 

† Сите информации и цени се точни во моментот на објавување, но се предмет на промена во секое време без претходна најава. Ве молиме контактирајте со најблискиот продажен советник за Jeep за најновите цени и детали за спецификациите за сите модели.