ВО ПАРИЗ Е ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ JEEP® AVENGER, ПРВИОТ, ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧЕН SUV НА МАРКАТА

Париз, 17 октомври 2022 – Jeep® на Саемот на автомобили во Париз 2022 го претстави новиот Jeep Avenger, првото електрично возило на батерии (BEV) на марката.


Компактниот Jeep Avenger е дијамантскиот врв на гамата комплетно електрични возила со силни перформанси, по мерка на европските пазари и претставува клучен елемент во глобалната стратегија за електрификација на марката, која се стреми да стане светски лидер на SUV возила со нула емисии.


Проектиран и конструиран како возило Jeep, уште од првиот ден Avenger ја собра сета ДНК на марката во еден компактен SUV, како уникатен спој на способности, стил, функции и технологија за да ги задоволи потребите за да се биде постојано поврзан на  сите клиенти.

 

“Новиот Jeep Avenger претставува камен-темелник за марката, и е всушност прв од серијата најнови Jeep BEV возила произведени во Европа” потврди Кристијан Мение, генералниоот директор за марката Jeep. “Нуди способности на марката Jeep, совршено дизменионирани за европскиот пазар и на Саемот на автомобили во Париз, ќе им покажеме на сите играчи во сегментот B-SUV зошто all-electric на марката Jeep е извонредна алтернатива”.

 

Новиот  Avenger се произведува во најефикасната фабрика на Стелантис во Тики, Полска, и е опремен со Selec-Terrain®, систем кој управува со постојаната брзина на автомобилот и Hill Descent Control систем за асистенција при движење на угорнини или удолнини во сериска опрема што, заедно со исклучителните агли на прекршување и на излез и на висината од тлото на возилото, воведуваат исклучителни нивоа на капацитети во сегментот.
Што се однесува до електрификацијата, Jeep Avenger е опремен со електричен погон од 400 V од новата генерација, кој го соединува новиот електричен мотор и новата батерија.
Со приклучување на кабелот за напојување Mode 4 од 100 kW во приклучок на станица за напојување, на брзо полнење, доволни се три минути полнење за да се поминат 30 km; или пак 24 минути за полнење на батериите за автономија од 20 до 80%.

 

 

Новата мисија на Avenger во Европа

Развиен со намера да ги задоволи потребите на одредена клиентела во Европа, новиот  Avenger е всушност компактен SUV кој, со едвај четири метри должина се позиционира во сегментот со брз раст на B-SUV, втор по обем на продажба во Европа.
За 2023 се предвидува сегментот B-SUV да достигне 2,2 милиони продадени возила на годишно ниво, еднакво на еден од пет автомобили продадени во Европа. Со влегувањето во понудата на марката Jeep, новиот Avenger се позиционира веднаш зад моделот Renegade во сегментот B-SUV.

 

“Jeep Avenger е првиот SUV со нула емисии на марката Jeep” Изјави Антонела Бруно, директорка на Jeep Европа при Стелантис, “тој претставува нова влезна точка во гамата Jeep и ќе нѝ овозможи да го комплетираме покрититето во сегментот на SUV возилата. Нашето предвидување е дека ќе стане најпродаваниот модел во нашата гама до 2024 година. Avenger придодава едно поинакво ниво на електрификација во нашата понуда и претставува дополнителен чекор во еволуцијата на марката Jeep”.
“Jeep Avenger е забавен, буди чувства и се издвојува од масата”, додаде Антонела Бруно.

 

Jeep Avenger ќе пристигне во продажните салони на почетокот на наредната година, но клиентите веќе можат да направат нарачки на ексклузивната 1st Edition, една моќна и комплетно опремена верзија, на поголемиот дел од европските пазари.

Поради оваа причина, тој е совршен избор и интересен за оние кои бараат алтернатива со нула емисии на марката Jeep, далеку од потрадиционалните играчи во сегментот. Новиот Jeep Avenger има намера да ја прошири базата на клиенти, така што се насочува кон луѓето со активен животен стил, во потрага по високи перформанси и современ дизајн, со компактни димензии и пространа бвнатрешност.

 

 

Комплетно нова електрична погонска група

Jeep Avenger е опремен со нова генерација електричен погонски систем кој комбинира нов електричен мотор и нова батерија. Благодарение на неговата висока моќност и вртежен момент, како и на специфичната поставеност на електричниот погон, Avenger нуди бескомпромисно уживање во возењето на и надвор од патот.
Втората генерација на електричен погон од 400 V е лансирана од Emotors, заедничко вложување на Стелантис и Nidec Leroy-Somer Holding. Испорачува 115 kW, што одговара на 156 коњски сили и максимален вртежен момент од 260 Nm.
Новата батерија од 54 kWh, произведена во Стелантис, нуди висока енергетска густина и одличен сооднос помеѓу номиналната енергија и употребливата енергија. Конкретно, пакетот батерии се состои од 17 модули и 102 ќелии, а се користи моделот NMC 811 со литиум јони и нуди 400 km автономија во циклусот WLTP, што станува 550 km во урбаниот циклус *.

Батеријата, тестирана на преку 2 милиони километри, е исклучително компактна и ненападна, се наоѓа под предните и задните седишта и централниот тунел. Дополнително, за време на возење надвор од патот, таа е заштитена преку големата одвоеност од тлото, како и со плочи на подвозјето.
Полнењето на новиот Avenger е многу едноставно. Со користење на кабелот од 100 kW DC Mode 4, поврзан на јавна станица за брзо полнење, доволни се три минути полнење за автономија за поминување 30 km или со 24 минути полнење на батериите, се постигнува од 20 до 80% полнење.

 

Имајќи предвид дека европските корисници возат просечно 30 километри дневно, најверојатно возилото ќе се вози со денови пред да треба да се наполни. Во меѓувреме, со 11 kW режим 3 AC кабел за напојување поврзан на Wallbox или јавна станица за полнење, можно е да се „наполнат“ (0% до 100%) за 5,5 часа.

 

Капацитет од прва класа

Суштинскиот столб на Jeep SUV е неговата теренска способност, која сега вклучува поодржлив пристап благодарение на plug-in хибридната технологија и 4xe и сега веќе целосно електричните погонски единици.

Новиот  Avenger è првото возило на Jeep со преден погон опремен со Selec-Terrain® во сериска опрема, систем кој управува со постојаната брзина на автомобилот и Hill Descent Control систем за асистенција при движење на угорнини или удолнини во сериска опрема што, заедно со исклучителните агли на прекршување и на излез и на висината од тлото на возилото, воведуваат исклучителни нивоа на капацитети во сегментот.

Системот Selec-Terrain® нуди шест начини на возење: “Normal” за секојдневно возење; “Eco” за подобрување на автономијата; “Sport” за поголема забава при возење; “Snow” за максимален погон на пат или терен покриен со мраз; “Mud” за подобрување на перформансите на каллив терен и подобрување на прилепувањето и “Sand” за ограничување на ризикот од блокирање при возење по песоклив терен.

Архитектурата на возилото ги постигнува највисоките можни нивоа на компактност без да се загрози ниту една од карактеристичните одлики на марката Jeep.
Новиот Avenger е долг само 4,08 m, што е 16 cm пократко од Renegade. Има кратки предни и задни испусти кои ги подобруваат неговите пропорции. Покрај тоа, неговото присуство на патот е истакнато со поголемите тркала отколку што би се очекувало од возило со оваа големина.

Благодарение на комбинацијата на кратки испусти и големи тркала, Avenger нуди најдобро растојание од тлото во класата (200 mm), како и исклучителни агли на влез (20°), на прекршување (20°) и на излез (32°), се неопходни за возење на терен, но исто така корисни во градот, на пример кога се качувате на стрмна рампа за паркирање.

 

 

Современ Jeep дизајн

Avenger следи „дизајнерски пристап“ кој нуди современа интерпретација на дизајнот на Jeep во компактна рамка. Предниот дел на возилото се одликува со иконската решетка со 7 отвори, вистински потпис на марката, која од вертикална, стана похоризонтална за да ја зголеми функционалната ефикасност.

 

Преклопената решетка е поставена пред предните фарови за да ги заштити во случај на удар. Испакнатите браници, уште еден класичен елемент на дизајнот на Jeep, пренесуваат чувство на сила и цврстина, истовремено изразувајќи цврсто и импозантно присуство на и надвор од патиштата.
Страничниот изглед се карактеризира со класични трапезоидни лакови на тркалата, дизајнирани за да го подобрат движењето на тркалата за максимална артикулација. Возилото се издвојува по своите импресивни тркала во форма на дијамант од 18“, со силен дизајн, на кои се поставени пневматици со дијаметар од 690 mm. Силуетата е внимателно изработена за да се максимизира аеродинамичната ефикасност и да се пренесе чувство на динамичност, засилена со лебдечка C-рамка, веќе позната карактеристика во актуелната гама.
Во горниот дел на возилото се поставени светла, инспирирани од класичните канти за бензин со ознаката X на нив. Овој “X” е тема и на внатрешноста и на надворешноста на возилото, како што може да се забележи на “X-Camo”, декоративен мотив кој го комбинира концептот на камуфлажа со буквата “X”.

 

Целосна заштита

За да се намалат оштетувањата предизвикани од удари при движење со мала брзина, кои сочинуваат околу 70% од сите несреќи во Европа, Новиот Avenger е опремен со плочи на подвозјето, облоги на 360 степени и заштитени предни фарови.
Поконкретно, предните фарови се вовлечени навнатре и поставени високо за да гарантираат заштита во случај на удари при мала брзина. Дополнително, новите SUV плочи на подвозјето се испечатени во боја во полимерен материјал.
Ако се изгребани, на пример, штетата не е видлива. Покрај тоа, во најекспонираните области, вклучувајќи ги и вратите, облогата е уште поголема за да понуди поголема заштита.

 

Пространа и функционална внатрешност

Внатрешноста на новиот Jeep Avenger останува верна на ветувањето “design to function”-функционален дизајн. Солиден и чист дизајн на внатрешноста кој се врти околу тенката табла, се инспирира од историјата на марката Jeep и особено онаа на Jeep Wrangler.
Штом се седне во возилото погледот веднаш е привлечен од горниот дел на таблата, каде излегува единствената функционална полица на која се наоѓаат сите отвори, амбиенталното светло и централниот екран на допир од 10,25”, којшто може да го гледа и возачот и совозачот. Долниот дел од таблата содржи отворен простор за предмети.
Новиот  Avenger поседува низа единствени детали за оваа класа возила, како што се премиум седишта со инсерти од кожа** кои се регулираат електронски со функција за масажа (на располагање во одреден момент), повеќебојно амбиентално осветлување коешто го намалува заморот на очите за време на ноќно возење и голем кров на отворање (на располагање во одреден момент). Страничните светла на возилото остануваат видливи кога ќе се отвори задната врата, заради поголема заштита и безбедност.

 

Централната конзола е исто така изведена на начин за да го максимизира употребливиот простор за возачот и совозачот. Дизајнирана да обезбеди максимален внатрешен простор во компактната каросерија, Avenger е најголемиот во својата класа: 34 литри простор за складирање предмети, што е импресивна бројка во споредба со 15-те литри од просекот во сегментот.
Овој извонреден резултат е постигнат со подобрување на сите простори и создавање функционални и пространи прегради за складирање.
Дизајнирани со цел да бидат флексибилни и модуларни, преградите на централната конзола може да се преместат за да се прилагодат на големината на различните предмети или пак да се извадат за да се направи простор за поголеми предмети. Дополнителен корисен простор е достапен под копчињата за автоматски менувач, заштитен со преклопен магнетен капак. Во овој простор, полица, може да се полни мобилен телефон и во исто време да се складира шише со вода од 1,5 литри.
Правилата на Design to function се применети и во багажниот простор. Капацитетот е меѓу најдобрите во сегментот – 380 литри – и функционалноста е потврдена од висината на товарниот простор кој е спуштен на 720 mm, ширината на задната врата, зголемена на преку еден метар, и од додатокот на електрична задна врата на отворање со копче, реткост во овој сегмент.

 

**Седишта произведени од винил со централен дел на седечкото перниче и на грбниот потпирач во кожа.

 

Авангардни технолошки системи: постојано поврзан

Конструиран според потребата на клиентите “постојано поврзани”, новиот Jeep Avenger гарантира прекрасно доживување на дигиталната инструмент-табла. Сите верзии ќе бидат опремени со екран за радио Uconnect Infotainment од 10,25“ прилагоден на комплетно дигиталната табла на располагање во две варијанти (7“ и 10,25“).
Графиката е слична како онаа на паметните телефони и е интегрирана во Uconnect 10 “. Дополнително, системот нуди можност безжично да се пресликува вашиот уред на радио преку Android Auto и CarPlay; да ја поврзе содржината за да изгради сопствен интерфејс (до дванаесет графички контроли по страница, до шест страници); Интегрираната навигација на TomTom со подобрено природно препознавање на глас и безжични надградби.
Новиот Jeep Avenger нуди и пакет на услуги и функции кои клиентите можат да ги користат од далечина. Особено, благодарение на Jeep Mobile App, корисникот може да ја лоцира позицијата на неговиот автомобил директно од паметниот телефон. Корисникот исто така може да ги заклучува и отклучува вратите, да го провери нивото на батеријата, да ги постави функциите за климатизација и да го наполни возилото, како и директно да комуницира со Avenger преку гласовен асистент.

 

Напредни системи за асистенција **

Jeep Avenger нуди комплетна серија на функции за асистенција при возење. Располага со автономија на возење од ниво 2, со која автоматски ја регулира брзината и траекторијата на движење и се надоврзува на Адаптивниот темпомат – Adaptive Cruise Control и на Одржувањето во средина на коловозна лента – Lane Centering.
Системот му помага на возачот да го држи автомобилот на средина на коловозната лента и на безбедно растојание од возилото однапред, со што пружа спокојно возење. Покрај тоа, автономното возење од ниво 2 вклучува и Асистенција при гужва во сообраќајот – Traffic Jam Assist, за опуштено и удобно возење дури и во густ сообраќај.
Освен тоа, новиот модел поседува сиостем за Препознавање на сообраќајните знаци – Traffic Sign Recognition, којшто ги чита и толкува сообраќајните знаци; систем за автоматско сопирање при итни случаи – Automatic Emergency Braking, кој ги отркива  пешаците и велосипедистите пред возилото, по што го успорува возилото додека не застане за да се намали ризикот од можни несреќи; системот за предупредување за замор кај возачот – Drowsy Driver Alert, којшто го предупредува возачот доколку моментот на замор го загрози вниманието; систем за прегледност при слеп агол – Blind Spot Monitoring, кој го следи слепиот агол на возачот; систем за одржување во коловозна лента – Lane Keeping Assist, кој го предупредува возачот ако автомобилот ја напушта лентата; Сензори за паркирање на 360° со Active Park Assist (на располагање во одреден момент) и задна камера на 180° со поглед на дрон.

 

Jeep Avenger 1st Edition

Во делод европските пазари во тек е иницијативата за претходна резервација наменета на новиот Jeep Avenger 1st Edition, ексклузивна, волшебна, целосно опремена и целосна електрична конфигурација, која само во Италија и Шпанија ќе биде достапна и со турбо бензински мотор.
Jeep Avenger 1st Edition, кој ги плени погледите со двобојната каросерија (Sun – со кров Volcano или пак сива Granite co кров Volcano) или пак единствена боја на каросерија Volcano, збогатена со затементи стакла, алуминиумски тркала од 18” кои го нагласуваат неговиот карактер и предните и задни светла full LED. Внатрешноста располага со  разнобојни амбиентални светла и жолта лента на контролната табла; премиум црни седишта со грејач и жолти инсерти; ветробранско стакло со грејач; поклопец на централната конзола; полица за предмети прилагодлива во висина и електрична задна врата на отворање со копче.
Дополнително, Launch Edition нуди Uconnect 10“ систем за информирање и забава со 10,25” екран, 10,25” целосно дигитална контролна табла, безжичен Apple CarPlay/Android Auto и безжично полнење за паметни телефони.

Ексклузивно за верзијата BEV, новиот Avenger 1st Edition е опремен со ADAS системи од ниво 2 кои му помагаат на возачот да ја одржува брзината, растојанието од возилото пред него и одржувањето на средина на коловозната лента на целосно автономен начин.
Префинетиот пакет на опрема го комплетираат автоматскиот клима-уред, системот за прегледност во слеп агол, автоматските долги светла, ретровизорот со функција против заслепување, електрични странични ретровизори со грејач и на преклопување, сензорите за паркирање 360° со камера за заден поглед како од дрон и кабел за полнење Mode 3 за користење на јавни станици за полнење.
Како дел од иницијативата „слобода на избор“ на марката Јеер, кога возилото ќе биде достапно, Jeep на купувачот ќе му понуди комплетна палета на производи за приватно и јавно полнење, како што е wallbox – ѕидната кутија за полнење на автомобилот во домашната гаража или пак RFID картичката за полнење во една од 300.000 јавни станици за полнење на партнери ширум Европа.

 

 

Ексклузивна персонализација и преку 100 додатоци

Како што налага традицијата на марката Jeep, новиот  Avenger може да се збогати со специфични додатоци и пакети за персонализација.

Jeep Avenger ќе може да се персонализира според посебните барања на клиентот и ќе рсполага со пристап “stand of the crowd”, давајќи им можност на корисниците да го направат единствен и посебен сопствениот SUV.

 

 

Персонализираниот Avenger дебитира на Саемот на автомобили во Париз  

На Саемот на автомобили во Париз марката Jeep изложува неверојатна верзија на целосно електричен Jeep Avenger во гранитна боја со кров во боја Volcano, со налепница на хаубата со ексклузивна боја X-Camo, сини инсерти и лого на Avenger. Возилото има и сјајни црни тркала од 18“ со сини детали, кои го нагласуваат електричниот погон

Ентериерот се карактеризира со магнетниот поклопец на централната конзола со синото лого „e“ однадвор и мотивот X-Camo однатре; гумена подлога во просторот за ракавици на контролната табла и централниот тунел со типичниот мотив X-Camo; Премиум патосници со логото на силуетата на автомобилот.

 

Се произведува во фабриката на Стелантис во Тики, во Полска

Фабриката Тики (Полска), изградена помеѓу 1972 и 1975 година, зафаќа површина од над 2,4 милиони квадратни метри, од кои 0,5 милиони квадратни метри производствени хали и услужни капацитети. Целиот производствен циклус за да се трансформираат намотките од лим во готов автомобил бара околу дванаесет часа инженерство, а автомобилот ги напушта монтажните ленти на приближно секои 50 секунди.

Производството во Тики е организирано така што го почитува највисокото ниво на квалитет и е наградена со бронзена, сребрена е златна програма за производство во светска класа како признание за постојаното подобрување на производите, процесите и услугите за да остане лидер во индустријата што им обезбедува на клиентите најдобар избор.

Фабриката управува со целосен производствен циклус кој се состои од четири фази: обликување, управувано од надворешен добавувач од 1998 година; заварување, кое може да се пофали со 99,5% автоматизација благодарение на 921 робот, кои работат на линијата; боење, исто така автоматско повеќе од 90% и линии за склопување. Фабриката во Тики досега произведе неверојатни 12,5 милиони возила од полчетокот на производството во 1975 година до септември 2022 година. Во Тики беа направени значајни инвестиции за лансирање на B-SUV платформата.

 

 

 

 

* Автономија на гамата Jeep® Avenger full electric: 392-390 km. Потрошувачка на електрична енергија на гамата Jeep® Avenger full electric kWh/100 km: 15,9; емисии на CO2 g/km: 0. Вредностите се дефинирани според комбинираниот циклус WLTP, измерени од производителот на претходни тестови за одобрување и може да подлежат на измени по конечното одобрување. Важно: реалната автономија може значително да се разликува и може да варира во зависност од: опциите, условите на користење на возилото (стил на возење, брзина, вкупна тежина итн., употреба на одредени функции како климатизација, греење итн., типови на гуми, услови на патишта, надворешни временски услови. Дополнителни конкретни информации и детални информации за Jeep® Avenger и за различните фактори кои влијаат на електричната автономија ќе бидат објавени на оваа интернет-страница штом возилото е хомологирано ќе биде достапно за продажба.

 

 

** „Системите за асистенција на возачот“ не го заменуваат возачот. Секогаш возете внимателно и претпазливо, одржувајќи ја контролата над возилото преку педалите и држете ги рацете на воланот, во согласност со сообраќајните закони.