ВЕСТИ
НОВИОТ JEEP® AVENGER 4XE СО ПОГОН НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА: ПОВЕЌЕ ЗАБАВА, ПОВЕЌЕ СЛОБОДА, ПОВЕЌЕ AVENGER
Торино, 22 мај 2024 – За да го прослави најавтентичното наследство на марката, кое ја отелотворува авантурата, истражувањето надвор од границите, смелоста и карактерот, Jeep® го претставува Jeep Avenger 4xe. По сензационалниот триумф што го постигна Avenger од неговото лансирање, Jeep Avenger 4xe се подготвува за своето деби, со што се комплетира гамата на најпопуларниот B-SUV во Италија, достапен во како 100% електричен, бензинец и во e-Hybrid варијанта. Воден од непоколебливата посветеност на подобрување на перформансите и прифаќање на електрификацијата, Jeep се гордее што може ексклузивно да го претстави новиот Jeep Avenger 4xe пред престижната публика, составена од европски новинари. Возило кое ја отелотворува суштината на автентичната традиција на најпознатиот производител на SUV на глобално ниво, кое е во состојба да понуди повеќе забава, повеќе слобода, повеќе Avenger.
Пионерска иновација насочена кон корисникот
Лансирањето на Jeep Avenger 4xe претставува многу повеќе од едноставно проширување на гамата на марката: тоа симболизира стратешки одговор на потребите на постојаната еволуција на корисниците. Верен на филозофијата насочена кон корисниците, Jeep дава приоритет на сослушување и задоволување на потребите на корисниците. Благодарение на прецизната грижа за деталите, Jeep Avenger 4xe совршено го интегрира безвременскиот шарм на дизајнот и функционалноста на марката Jeep со најсовремените технологии, нудејќи неспоредливо возачко искуство.
Создаден за да одговори на потребите на пошироката јавност, Jeep Avenger 4xe е наменет за вљубениците во животот на отворено, оние кои се занимаваат со спорт, оние кои веќе поседуваат 4×4 и ги познаваат предностите на она што значи подобар погон и безбедност. Возило наменето за вљубениците во урбаната авантура на кои им треба компактен автомобил за до работа и автомобил за викенд екскурзии, којшто е во состојба да се справи со каков и да е вид терен. Секако, и за сите кои, и покрај тоа што не се љубители на авантури надвор од патиштата, едноставно сакаат да се издвојат од толпата.
Повеќе забава
Суштината на најавтентичната традиција на марката Jeep прави значаен скок нанапред благодарение на воведувањето на револуционерниот мотор на Jeep Avenger 4xe којшто обезбедува поголема забава, слобода и структурна леснотија.
Овој иновативен систем совршено ги спојува предностите на хибридниот систем со врвната технологија 4×4. Срцето на Jeep Avenger 4xe се состои од динамичен хибриден систем од 48V, кој се карактеризира со робустен турбо-мотор од 1,2 литари, во состојба да испорача моќност од 136 КС и два електрични мотори од 21 kW, поставени во предниот и задниот дел на возилото. Ваквата конфигурација, во комбинација со автоматски менувач со 6 брзини со двојна спојка, овозможува возење во целосно електричен режим при ниски брзини, благодарение на интегрираниот електричен мотор. Хармоничен систем, кој обезбедува не само врвни перформанси како што сакаат вљубениците во Jeep, туку и максимална забава, благодарение на функцијата E-Boost достапна во режимот Sport.
Дополнителната моќност под хаубата му овозможува на Jeep Avenger 4xe да понуди одлични перформанси: достигнува максимална моќност од 136 КС и брзина до 194 km/h (+10 km/h во споредба со хибридниот модел), со забрзување од 0 до 100 km/h за само 9,5 секунди. Моторот 4xe ги проектира веќе легендарните способности на хибридниот Jeep Avenger кон нови височини, и нуди максимална моќност и вртежен момент, со 36 КС и 25 Nm повеќе од верзијата e-Hybrid FWD. Ова овозможува побрзо забрзување и поголема максимална брзина, задржувајќи го ниското зголемување на емисиите на CO2. Моторот 4xe со своите солидни перформанси совршено ги комбинира моќноста и одржливоста; освен тоа, благодарение на погонот на сите тркала во комбинација со хибридна технологија, овозможува намалена потрошувачка и емисии.
Благодарение на карактеристиките и перформансите на моторот, теренските способности на Jeep Avenger 4xe достигнуваат нови и возбудливи височини. Иако моделот со погон на предните тркала веќе беше без конкуренција во својата категорија, варијантата 4xe има располага со значајни надградби како што се подобрувањето на аголот на влез, аглите на прекршување и на излез, зголемувањето на растојанието од тлото за 10 mm и минувањето низ вода до длабочина од 400 mm. Потоа, погонот на сите тркала е постојано на располагање. Всушност, Jeep Avenger 4xe е хармоничен спој на моќ, агилност и ефикасност, којшто ја вивнува марката Jeep во нова ера на автомобилска извонредност и забава.
Повеќе слобода
Со отелотворувањето на основните вредности на Jeep, Jeep Avenger 4xe ја обновува посветеноста на марката, за да им обезбеди на клиентите максимална слобода на избор. Со разновидна гама којашто обезбедува возбудливи патувања, Jeep им овозможува на вљубениците во авантурите да ја прифатат возбудата од истражувањето со неспоредлива безбедност. Затоа што, Jeep Avenger 4xe, како и сите SUV, пружа слобода да се отиде онаму каде другите не можат да стигнат.
Извонредниот мотор, во комбинација со редукторот од 22,7:1 поставен на задната оска, испорачува извонредни 1.900 Nm вртежен момент на задните тркала, при што гарантира неспоредлива погонска сила. Оваа способност му овозможува да ги надмине наклоните скоро до 40% на предизвикувачки терен како што е чакал и до 20% при отсуство на прилепување на тркалата од предната оска.
Jeep Avenger 4xe, исто така, располага со интелигентен систем за погон на сите тркала, така што способноста 4×4 е секогаш достапна кога е потребно. При ниски брзини (до 30 km/h), погонот на сите четири тркала е постојан, со распределба 50:50. При средни брзини (30 до 90 km/h), возењето на задната оска се активира само по барање. Треба да се нагласи дека, дури и со нула Nm вртежен момент, задниот електричен мотор постојано е поврзан со задните тркала за какви и да се неочекувани потреби. Кога е вклучен погонот на сите тркала, распределбата на вртежниот момент се заснова на вистинската потреба во дадениот момент, со потенцијална распределба до 50:50. При големи брзини (над 90 km/h), погонот на предните тркала станува постојан и задниот електричен мотор се исклучува од оската за да се минимизира потрошувачката на гориво.
Функцијата Select-Terrain на Jeep Avenger 4xe му овозможува на возачот да го избере најсоодветниот режим за секоја ситуација: Auto – односно Автоматски – со погон на сите тркала само по барање, идеален за секојдневно возење со минимални емисии на CO2; Snow – за на снег – за подобра контрола на стабилноста и интелигентен погон на сите тркала за безбедно патување во зимски услови; Sand&Mud – по песоклив и каллив терен – погоден за нерамен терен со специфични брзини и контрола на погонот; Sport – Спортски режим, кој ја максимизира моќноста и вртежниот момент испорачана од системот 4xe, со додавање на e-boost на задните тркала.
Ексклузивна карактеристика на Jeep Avenger 4xe е иновативната конфигурација на задната суспензија Multilink, создадена и лансирана од Jeep. Овој систем, кој обично се наоѓа на поголемите возила, ја подобрува артикулацијата на задната оска, обезбедувајќи извонредно ниво на удобност на нерамни патишта.
Повеќе Avenger
Jeep Avenger 4xe вистинско олицетворение на иконскиот „Avenger“ – духот на марката, во состојба да го искомбинира шармот на безвременската традиција на марката Jeep со ставот кон иновативноста што продира во секој аспект на возилото. Од смелиот надворешен дизајн до прецизната изработка на внатрешноста, Jeep Avenger 4xe е доказ за безмилосната потрага по извонредност на Jeep и нуди извонредно возачко доживување на кое му нема рамно. Во Jeep Avenger 4xe, функционалниот дизајн ја задоволува и подобрува чистата ДНК на Jeep со наменска надворешност, создадена не само за да се издвои од толпата, туку и на најдобар начин да ги задоволи потребите за теренски патишта. Меѓу карактеристиките на овој автомобил се и задната кука за влечење, седиштата направени од материјал којшто е двојно поотпорен и целосно водоотпорен и стандардни шипки на покривот за зголемување на носивоста на спортската опрема, задолжителни за сите кои практикуваат кајак и рафтинг. Седиштата се исто така заштитени со раствор против дамки и кал, што го олеснува чистењето.
При дизајнирањето на Avenger 4xe, Jeep ѝ даде врвен приоритет на безбедноста на возилото. Новите надворешни елементи веднаш го привлекуваат погледот. Меѓу нив, редизајнираните светла за магла поставени малку повисоко и кон надвор, со што ја подобруваат видливоста при ноќно возење. Шипките за товар на покривот и задната кука за влечење грижливо се изработени за да ја надополнат робусноста на возилото.
Предниот и задниот браник се изработени од обоен материјал со завршница отпорна на гребнатини; однапред, новиот браник го разоткрива тркалото, нуди сигурност и цврстина на карпест терен и се одликува со повисока, поиздадена обвивка што ја штити регистарската табличка од удари. Потоа, виталните компоненти како што се долната предна решетка и радарот се заштитени со робусни браници кои обезбедуваат издржливост и долговечност дури и на нерамни патеки. Jeep Avenger 4xe располага и со опционали како што се новите ленти кои може да се залепат на хаубата, кои се исто така функционални и не само естетски пријатни, како и секој детал од марката Jeep. Овие ленти, наменски се изработени од непроѕирен материјал, за да се избегне непријатниот отсјај од сонцето при возење.
Во внатрешноста, Jeep Avenger 4xe продолжува да импресионира со мноштво иновативни карактеристики дизајнирани така, за да ја подобрат удобноста и практичноста. Патничкиот простор ги пречекува патниците со нови седишта направени од неконвенционални материјали, целосно може да се перат и се робусни, двојно поотпорни од традиционалните и затоа, совршени за вљубениците во авантурата и истражувањето на отворено. Стандардните гуми M+S гарантираат сигурен погон при најразнлични временски услови, додека гумите All Terrain 3PMSF се на располагање како опционал за подобро држење и на најтешкиот терен. Тркалата ќе бидат во црна боја, за да се осигура недопреноста на естетскиот квалитет низ времето, без оглед на теренот и начинот на возење на автомобилот.
Ваквите надградби, кои се вистинска иновација не само што ја зголемуваат неговата привлечност и естетика, туку и ги зацврстуваат веќе високите способности на Jeep Avenger 4xe. Благодарение на подобрените теренски агли (co агол на влез од 22°, агол на прекршување од 21° и агол на излез од 35°) како и на висината од тлото од 210 mm, Jeep Avenger 4xe ја потврдува недопрената теренска ДНК и е подготвен да ја понесе авантурата кон нови граници. Способноста за минување низ вода до длабочина од 400 mm, како за крај, му овозможува на Jeep Avenger 4xe со сигурност да се соочи и со најтешките терени.
Возбудата расте и нарачките за Jeep Avenger 4xe ќе бидат отворени до крајот на 2024.