JEEP® AVENGER ПРОГЛАСЕН ЗА ‘ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА’ НА TOPGEAR.COM ELECTRIC AWARDS 2023

Торино, 24 ноември 2023 – Марката Jeep® е создадена пред повеќе од 80 години, во тешки времиња, во зората на Втората светска војна, а нејзиниот идентитет постепено се огледуваше преку четирите основни вредности: Слобода, Авантура, Автентичност и Страст. Ова се универзалните вредности кои и денес ја претставуваат марката Jeep и кои го обележуваат патот на марката кон иднината.

 

Новиот Jeep Avenger, првиот целосно електричен SUV, е создаден со цел да се издвои со згуснување на сите клучни вредности на марката.

 

Претставен пред една година на Саемот за автомобили во Париз, новиот Jeep Avenger ги комбинира современоста и традицијата: технолошката опрема обезбедува супериорни перформанси истовремено почитувајќи ја еколошката одржливост, додека дизајнот се фокусира и на компактноста и на просторноста, собирајќи ја во себе суштината на маркатa и давајќи облик на амбициозно возило, конципирано врз вредностите на марката: Слобода, Авантура, Автентичност и Страст.

За да ги истакне овие карактеристики што ги претставува новиот Jeep Avenger, марката Jeep објавува нова серија од четири едноминутни видеа на интернет, кои се достапни на YouTube. Секоја епизода се фокусира на една од четирите фундаментални вредности на марката и прикажува реални доживувања на четири протагонисти: автентични приказни, кои го придружуваат откривањето на она што марката Jeep сака да го пренесе преку своите возила, во согласност со своите аспирации и амбициите на оние кои избираат да поседуваат SUV Jeep.

 

 

Првата епизода https://t.ly/l4zg7е покана за потрага по значењето на Слободата: истражување на просторот помеѓу земјата и небото со Сандро Бени. Како експерт за параглајдерство, Сандро доживува неописливо чувство на слобода во сплотеност со околината, природа во природата. Совршено сплотен. Сензации кои марката Jeep има за цел да ги обезбеди и пренесе, што се покажа со вниманието кон околината на новиот Jeep Avenger. Опремен со електричен мотор од 400 V и батерија од 54 kWh, новиот 100% електричен Jeep Avenger обезбедува високи перформанси и нула емисии на CO2. За да ја обезбеди слободата што ја посакуваат возачите, марката Jeep го опреми својот прв 100% електричен SUV со брз полнач од 100 kW, кој му овозможува да помине минимално растојание од 30 km по само три минути полнење и да ја наполни батеријата од 20 до 80% за само 24 минути.

 

Втората епизода https://t.ly/xSoPH е насочена кон Aвантурата и е сместена во планинските предели на Голе дела Валсера, Умбрија. Протагонист е Силвија Радос, која има 44 години и обожава да ги истражува природните убавини. Силвија, на свој начин нѝ објаснува како ја сфаќа авантурата, споредувајќи ја со чувството на вљубеност: нешто што прави срцето да нѝ чука зарзано и предизвикува единствени емоции. Нѝ раскажува зошто Jeep Avenger, во својата суштина, е нејзин идеален придружник во патувањето: од системот за навигација, безжичното поврзување на екранот од паметниот телефон со навигаторот (mirroring wireless) за да се воспостават упатствата за навигација на мапата, до специјалните технички функции, како што се: “Selec-Terrain®” (избирање на начин на возење) и “Hill Descent Control” (Контрола при спуштање на удолница), кои го прават доживувањето при возење уште побезбедно и попријатно, овозможувајќи му да стигне и до избраните места и при најнепристапни услови, кога срцето чука илјада, а теренот го минува со истата леснотија како што таа се движи по каменестите терени на Валсера.

 

Една од најзначајните вредности на марката Jeep, без сомнение е Aвтентичноста , вредност која  е нераскинливо поврзана со револуционерниот мит за SUV 4×4, и која како што вели Умберто Датола, дизајнерот вклучен во третата епизода на серијата https://t.ly/nkLV4: „убавината е во тоа кога една идеја станува стварност“. 53-годишниот дизајнер пружа можност да се види што е тоа што го придвижува во неговата професија, придружувајќи ги гледачите во откривањето на неговото студио и оставајќи на нив да почувствуваат со колкава посветеност и извонредност ја врши својата работа и посветува посебно внимание за заштита на околината. Неговата апстрактна визија ги трансформира суровините во нешто единствено и неспоредливо, токму онака како што за марката Jeep, чудесно го раскажа со својот пристап кон квалитетот и етиката во работењето, дизајнерот на новиот Avenger, Даниеле Калоначи, ко-протагонист во епизодата.

 

Четвртата, последна епизода https://t.ly/LjDq9, посветена на Страста, нè води во Рим, каде се сетнуваме со Франческа Сантамарија, балерина која се бави со модерен балет. Според нејзините зборови, Страста е „движечка сила на сè“: гледна точка целосно споделена со марката Jeep. На улиците на Рим, Франческа го вози новиот Jeep Avenger со флуидност, елеганција и страст, стигнувајќи до салата за проба во ритамот на нејзината плејлиста. Крајната демонстрација за тоа како може да се воспостави длабока врска помеѓу автомобилот и личноста зад воланот, синергија која се рефлектира во секојдневниот живот. Сето ова благодарение на технологијата на новиот Jeep Avenger, која вклучува амбиентално светло во повеќе бои, задна камера со поглед на дрон, интегрирана гласовна асистенција преку Android Auto и CarPlay, пресликување на паметниот телефон на екранот на радиото од 10,25“, на системот за информирање и забава Uconnect, во комбинација со комплетна дигитална инструмент-табла. Отворањето на багажникот употреба на рацете е уште една битна работа за младата балерина, која го смета за свој најдобар поддржувач, токму новиот Jeep Avenger.

 

Серијата ги води гледачите на патување за да го откријат новиот Jeep Avenger преку четирите фундаментални вредности, раскажувајќи реални приказни за луѓе кои секојдневно го ставаат во игра стилот на марката. Тое се луѓе кои ги споделуваат своите соништа и амбиции со оние на Jeep, демонстрирајќи дека SUV Jeep се направени за амбициозни луѓе, кои знаат како да ги негуваат своите соништа.

 

Новиот Avenger

Jeep Avenger, автомобил на годината за 2023 година, е компактен SUV кој ја отелотворува суштината на марката Jeep, комбинирајќи ги способноста, стилот, функционалноста и технологијата во уникатен пакет. Jeep Avenger ја претставува суштественоста на чистиот израз на „концентрат на слобода“ во компактен формат, кој ги нуди карактеристичните перформанси на Jeep во различни услови, како на пат, така и на терен. Новиот Jeep Avenger е достапен со три различни мотори: 100% електричен, e-Hybrid и бензински, во согласност со постојаната посветеност на марката за максимална слобода на избор и да им понуди на клиентите можност да го направат најдобриот избор врз основа на сопствените потреби.

Верзијата 100% elettrica е опремена со електричен мотор од 400 V, кој гарантира автономија до 600 km во WLTP циклусот, за безгрижно возење низ град. Брзиот полнач за батеријата овозможува да се постигне полнење за дневна автономија од 30 километри за само 3 минути.

Верзијата e-Hybrid, исто така, нуди исклучително непречено возење, комбинирајќи ги најдобрите технологии за електрични и термички мотори. Перформансите на автомобилот се гарантирани со 3-цилиндричен термички мотор од 1,2 литри, 48-волтна литиум-јонска батерија и 6-брзински автоматски електронски менувач со двојна спојка. Автомобилот беше дизајниран да обезбеди оптимална ефикасност на горивото, со 15% намалување на емисиите на CO2 во споредба со традиционалните мотори со автоматски менувач.

Верзијата  на бензин е опремена со бензински мотор од 1,2 литри и е во состојба да испорача максимална моќност од 100 КС при 5.500 вртежи/минута и максиламен вртежен момент од 205 Nm при 1.750 вртежи/минута, co мануелен менувач со 6 брзини.

 

Марката Jeep®

Благодарение на осумдесетте години легендарна историја кои го карактеризираат, Jeep е извонреден SUV кој гарантира перформанси, квалитет на префинета изработка и разноврсна намена за сите оние кои се во потрага по неверојатни авантури. Марката Jeep е покана за потполно уживање во животот, нудејќи широка палета на возила кои може да им пренесат на корисниците чувство на сигурност за да може да се соочат со какво и да е патување. Jeep Wave, премиум програма за верност и асистенција на корисниците, е на располагање за целата гама на Jeep 4×4, која изобилува со предности и ексклузивни бенефиции за сопствениците на возилата Jeep, како и максимална асистенција и посветена поддршка 24/7. Легендарните теренски способности на марката Jeep постојано се развиваат, благодарение на глобалниот план за електрификација кој ги трансформира 4xe во нов 4×4, согласно целта на марката да ја реализира стратегијата – Слобода со нула емисии – како и зголемена способност 4х4. Сите Jeep возила ќе понудат една електрична варијанта до 2025.